Договор за лиценца за софтвер
Договорени страни
Овој договор се применува помеѓу:
КОД ДИВАЈН ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, како издавач на софтверот, и секое правно или физичко лице што го користи софтверот, како корисник на софтверот.
Предмет на договорот
Предмет на договорот е доделување на корисникот не-ексклузивна лиценца за користење на софтверското решение helio во согласност со условите и одредбите на овој договор.
Називот, авторските права и интелектуалната сопственост остануваат исклучиво во сопственост на издавачот. Овој договор претставува само лиценца за употреба на софтверот, и на никој начин не пренос на сопственичките права на софтверот.
Надоместок за лиценца
Цената на лиценцата е 9000 денари годишно со вклучен 18% ДДВ за првиот лекар од секоја различна специјалност во здравствената установа. Секој нареден лекар за постоечка специјалност се доплаќа 900 денари годишно со вклучен ДДВ. Секој помошен персонал без факсимил е бесплатен.
Сумата ќе се уплаќа преку трансакциска сметка по претходно издадена фактура во рок од 10 дена од денот на издавање.
Издавачот може, по сопствена дискреција, да понуди лиценца со бесплатен пробен период.
Обврски на издавачот
- Издавачот се обврзува да му обезбеди на корисникот непречен пристап до софтверот од неограничен број на уреди на кој што истиот е поддржан.
- Издавачот се обврзува со податоците на корисникот да управува и ги чува согласно законот за заштита на лични податоци од висока доверливост. Издавачот се обврзува да ја извести Агенцијата за заштита на лични податоци за начинот на кои се чуваат податоците.
- Издавачот се обврзува навремено да издава закрпи за евентуални грешки во софтверот. За грешки што го попречуваат дневното работење на корисникот се обврзува да ги поправи во рок од 24 часа.
- Издавачот се обврзува да овозможи бесплатна подршка за користење на софтверот за целото работно време на корисникот на софтверот како и да обезбеди обука за целиот персонал на корисникот.
- Навремено да го известува корисникот за промените, подобрувањата и грешките во софтверот.
- Да обезбеди секојдневен бекап на податоците за целото времетраење на договорот.
Обврски на корисникот
- Корисникот се обврзува да го користи софтверот во согласност со одредбите на лиценцата за користење и упатствата дадени од издавачот.
- Корисникот е должен да води грижа за своите податоци и е одговорен за нивната правилност и ажурност.
- Корисникот е должен да го користи софтверот во согласност со законот за заштита на лични податоци
Приватност на податоци
Секоја договорена страна се обврзува дека спрема податоците, кои припаѓаат на основа на овој договор, ќе се однесуваат со целосна дискреција.
Во доверливи податоци на основа на овој договор, спаѓаат и податоците на работење на корисникот, кои не се јавно достапни и до кои изведувачот дошол при работа со софтверот. Во податоци на работењето на корисникот се вбројуваат финансиските податоци, имиња на пациенти и деловни контакти, вработени, добавувачи, деловни процеси, деловни планови и слично.
Во нив спаѓаат и доверливи податоци на издавачот, кои не се јавно достапни и до кои корисникот дошол при работа со софтверот. Тука спаѓаат статистички податоци, работна методологија и алатки.
Обврската за чување на деловните податоци важи за целото времетраење на на лиценцата и по барање на корисникот до 1 година по завршување на овој договор.
Постапка на миграција на податоци
Податоците од постоечкиот софтвер на корисникот се превземаат од овластено лице исклучиво со физичко присуство на преносен хард диск, без истите да бидат праќани преку е-маил, или други алатки за пренос на податоци преку интернет.
Со согласност на корисникот можно е привремено да се добие пристап (корисничко име и лозинка) до системот МојТермин за да се изврши дополнителна валидација или миграција на податоци. Во ваков случај корисникот е должен веднаш по завршена миграција на податоците да изврши промена на лозинката.
Миграцијата на податоците се врши во рок од 48 часа освен доколку претходно не е договорено поинаку. За секое доцнење со миграција на податоците, издавачот е потребно да го извести корисникот по е-маил.
Отстапување од договорот
- Корисникот може да отстапи од договорот во секое време по своја волја така што писмено ќе го извести издавачот. Издавачот ќе му обезбеди пристап до софтверот до крајот на периодот за кој корисникот има наплатено.
- Корисникот има право на барање рефундирање најдоцна до 30 дена од датумот на плаќање.
- Издавачот може да отстапи од договорот доколку корисникот не ја плати договорената цена во крајниот рок.
- Издавачот може да отстапи од договорот доколку корисникот ги крши обврските кои произлегуваат од овој договор, до денот до кога договорот бил во важност
- Доколку договорените страни отстапуваат од договорот, се ослободуваат од сите обврски и права кои произлегуваат од договорот, освен финансиските обврски.
- По барање на корисникот при отстапување од договорот издавачот е должен во целост да му ги предаде податоците на корисникот.
Крајни одредби
- Договорот почнува да важи од денот на потпишување од двете договорени страни.
- За секоја измена на договорот двете договорени страни ќе се договараат писмено.
- Договорот е составен од два идентични примероци, по еден за издавачот и корисникот.
- Содржината, исполнувањето и важењето на договорот се во согласност со правото на Република Северна Македонија. Договорените страни се обврзуваат дека секој спор ќе го решаваат со спогодба. За решавање на можните спорови надлежен е основниот суд во Скопје.
